БИТ ФЕСТ: „ФОЛКЛОРНИ МОТИВИ“ – ИЗЛОЖБА НА ПЕТАР СТАВРЕВ

БИТ ФЕСТ: „ФОЛКЛОРНИ МОТИВИ“ – ИЗЛОЖБА НА ПЕТАР СТАВРЕВ

Во Фоајето на НУ Центар за култура, во рамките на програмата на фестивалот „Илинденски денови“, која е дел од програмата на Битолското културно лето „Бит фест“, беше отворена изложбата „Фолклорни мотиви“ од Петар Ставрев.

Изложени се 40 негови фотографии од фестивалите во Битола, Долнени, Галичка свадба и други манифестации, на кои фокусот е ставен на македонскиот фолклор. Изложбата ја отвори заменик градоначалничката Емилија Костурски, а свое обраќање имаше и директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевски.