БИТ ФЕСТ: „1000 ЗОШТО, 1000 ЗАТОА“-ДЕТСКА РАБОТИЛНИЦА

БИТ ФЕСТ: „1000 ЗОШТО, 1000 ЗАТОА“-ДЕТСКА РАБОТИЛНИЦА

Заедно со учителката Весела Богдановиќ, дечињата од Битола ги откриваа тајните на Титаник, патуваа во средновековен замок, ги открија мистериите за пиратите и патуваа на мисија на Месечината, а сето тоа во едно место и во исто време, во детскиот оддел на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола. На подот ги пречека импровизиран логорски оган, сцена, предмети и книги кои со сигурност го ловат вниманието на децата. Кога ќе ги погледнеме темите и книгите кои беа избрани за обработка со деца на рана училишна возраст, не можеме, а да не забележиме за колкав предизвик се работи. Полни со информации, научни факти и податоци од истражувања, напишани со богат речник соодветен за возрасни, доближани преку игри и истражувачки предизвици. Наместо да зборува, поттикнува и прашува истовремено во неколку групи со различни теми, учителката својата работа ја организирала мудро „без зборување“ преку инструкции, предизвици и логички задачи кои го предизвикуваат читателот, скриени во теглички и ковчези.

Работилниците се дел од програмата на Битолското културно лето „Бит Фест“.