ВАНДАЛСКИ УНИШТЕН СИМБОЛОТ БИТОЛА

ВАНДАЛСКИ УНИШТЕН СИМБОЛОТ БИТОЛА

Нов вандализам утрово ја потресе Битола. Симболот со буквите БИТОЛА, кој за кратко време стана препознатлив за градот, се најде на илјадници фотографии и беше едно од омилените места за граѓаните и посетителите, вандалски е уништен. Искршени се дел од буквите, оштетени се рефлекторите и металната конструкција.

Во моментов се врши увид на терен , по што ќе се преземат соодветни мерки за санација. Пред само неколку денови, Општина Битола испрати апел до граѓаните да не ги уништуваат јавните добра, откако масовно беше регистрирано уништување на автобуските стојалишта, а претходно и терминал на ЈП Паркинзи.

Жално е што ваквите вандалски појави на уништувања на симболите, кои што се дел од нашата култура на живеење, сè повеќе зачестуваат. Општина Битола повторно апелира на разум и негување на објектите, со цел заеднички и конструктивно да придонесеме за создавање слика за нас, како битолчани.