Вечер за Ајри Демировски – Магаза

Вечер за Ајри Демировски – Магаза

По повод пет години од смртта на Ајри Демировски , во дворот на битолската Магаза беше прикажан документарен филм за ликот и делата на авторот на познатата и далеку чуена  песна „Битола мој роден крај“.
Документарецот наречен „Вечер со песните на Ајри“ ги содржи најсилните елементи на носталгија, емоција, страст и тага.  Творечкиот опус на големиот чоевек се состои од околку 80 песни, најголем број од нив со антологиско значење и чуство на совршеноство.  Ајри беше човек кој преку нотите на песните  и едноставни зборови го искажуваше вистинското и правото.
Неговиот творечки опус  се состои од познатите: Збогум мајко, За кого ти цути Дано лицето,  Со Битола се гордеам,  Сва ноќ ле Надо, Покрај битолските касарни,  Доне, Донке. Мариче ле лично девојче, Таму ле мајко близу Битола,  Битола мој роден крај и уште многу други испеани песни.
Вечерта во чест на Ајри Демирвски беше поддржана од Општина Битола во рамки на битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2015.

BF2015Ajri_1 BF2015Ajri_2 BF2015Ajri_3 BF2015Ajri_4 BF2015Ajri_5 BF2015Ajri_6