ГИМНАСТИЧКИОТ СОЈУЗ НЕМА ДА ЈА ЗАГУБИ САЛАТА, СПОРОТ Е СО ИНДИВИДУАЛНА ФИРМА

ГИМНАСТИЧКИОТ СОЈУЗ НЕМА ДА ЈА ЗАГУБИ САЛАТА, СПОРОТ Е СО ИНДИВИДУАЛНА ФИРМА

Почитувани,

Воочи утрешниот најавен протест од страна на Клубот на гимнастички спортови Партизан Битола и Федереацијата на гимнастички спортови Битола, потпишан од страна на  претседателот Љупчо Арнаудов, општина Битола го издава следното соопштение:

Поради неплатени долгови кон општина Битола, фирмата ДООЕЛ Џокер Турист има раскинат договор за закуп на спортски објект од 992 м2, познат како ДТВ Партизан, како и дворно место од 8399 м2 и помошни деловни простории кои припаѓаат кон спортскиот објект (поранешен Зодијак).

Гореспоменатата фирма, нема исплатено СЕДУМ закупнини, а не две, како што тврди во одредени медиуми сопственикот на фирмата ДООЕЛ Џокер Турист, Љупчо Арнаудов.

Општина Битола има спор со приватна фирма, не со Клубот на гимнастички спортови Партизан Битола и не со Федерацијата на гимнастички спортови.  Општина Битола не побара иселување на Клубот на гимнастички спортови Партизан Битола, бара раскинување на договор со ПРИВАТНА фирма, која не ги исполнува условите.

Градоначалникот Коњановски веќе посочи дека ваквата законска одлука не значи дека гимнастиката ќе згасне, или дека Клубот на гимнастички спортови Битола нема да работи. Напротив, објектите кои што се во функција на спортот, како што е гимнастичката сала, може да се издаваат според утврден ценовник на општината. Клубот за гимнастички спортови  како и сите останати спортски клубови, ќе може да ја користистат и понатаму, во  насока на развој на гимнастиката. Под останти спортски клубови, се мисли на други гимнастички клубови, кои што во иднина може да се дел од основните и средните училишта, или пак други регистрирани гимнастички клубови. Салата за гимнастика им припаѓа на сите гимнастичари и така ќе остане.

Оттука, мора да се направи јасна дистинкција помеѓу законска обврска и спорт, односно мора да се стави крај на самоволието на поединци, кои застапувајќи ги личните интереси, се затскриваат зад спортските клубови.

Воочи најавениот протест, граѓаните треба да ја знаат вистината и да знаат дека никој нема да им ја одземе можноста за спортски активности во побараните термини во салата за гимнастика. Напротив и без најавениот протест ја имаат мојата и поддршката од Општина Битола, за понатамошно успешно делување во областа на спортот. Моите врати остануваат отворени за сите родители на децата кои тренираат гимнастика и добронамерници во спортот, со цел да се знае вистината и законските одредби, кои мора да важат над интересите на поединци, посочи градоначалникот Коњановски.