Детски фестивал ТРА-ЛА-ЛА

Детски фестивал ТРА-ЛА-ЛА

Езги Алас од Турција победник на шестнаесетиот Интернационалниот детски фестивал ТРА-ЛА-ЛА
Младата, амбициозна и музички талентирана, Езги Алас од Турција е победник на овогодинешниот Интернационален детски фестивал ТРА- ЛА- ЛА, кој традиционално по шестнаесетти пат се одржа во Битола.
Победник на третиот фестивалски ден е младата талентирана турчинка, Езги Алас, студент на Универзитетот во Турција во одделот за џез вокали.
На гала вечерта во битолскиот центар за култура беа доделени и фестивалските награди во неколку возрасни категории. Во првата возрасна категорија наградата ја освои Дарен Коцак од Бугарија, втората Илона Шундовска од Македонија, а третата Марија Ана од Русија.
Во втората возрасна категорија наградата ја освои Ула Рожар од Словенија, втората Флора Табатабаи од Унгарија, а третата Александра Чапличка од Полска.
Во третата возрасна категорија првата награда и припадна на Александра Вовк од Словенија, втората и припадна на Марија Шимиќ од Босна и Херцеговина, а третата ја освои романецот Лоренцо Раумојсе. Во категоријата на највозрасни пејачи наградени се Антонија Дора Плешко, Јоана Димитрова од Бугарија и Емилија Рампева од Бугарија.
На трите фестивалски вечери се натпрваруваа 30 млади музички таленти од дванаесет држави.
Детскиот фестивал ТРА- ЛА-ЛА е дел од програмата на битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2015, а е подржан и од Министерство за култура на Република Македонија.

BF2015_TraLaLaNagradi_1 BF2015_TraLaLaNagradi_2 BF2015_TraLaLaNagradi_3 BF2015_TraLaLaNagradi_4 BF2015_TraLaLaNagradi_5 BF2015_TraLaLaNagradi_6 BF2015_TraLaLaNagradi_7 BF2015_TraLaLaNagradi_8 BF2015_TraLaLaNagradi_9 BF2015_TraLaLaNagradi_10