ДИМЧЕ МИНОВСКИ ЗАСАДИ ДРВЦЕ ВО АЛЕЈАТА НА ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

ДИМЧЕ МИНОВСКИ ЗАСАДИ ДРВЦЕ ВО АЛЕЈАТА НА ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

Годинешниот добитник на наградата „4 Ноември“ за животно дело, Димче Миновски, ја продолжи традицијата со засадување дрвце во Алејата на добитниците на наградите за животно дело. На настанот присуствуваа пријатели на добитникот, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и дел од советниците од општинскиот Совет.

Градоначалникот Коњановски, посочи дека претставува посебна чест да се биде со добитникот на наградата за животно дело кој со својата професионална ориентација го прославил својот роден град надалеку, пишувајќи за спортот, историјата на спортот, вршејќи преку 3000 преноси во живо од спортски натпревари, а истовремено бил и автор на повеќе од 200 емисии посветени на Битола и значајни настани од Битола.

Миновски се заблагодари за големото признание, кое е потврда за неговата работна активност и незапирлив творечки дух.