Битолската група КАЛА-СЕВДА на љубителите на македонскиот фолклор, во дворот на Магазата им приреди пријатна атмосфера со композиции на стилизиран македонски мелос и ора од сите делови на Македонија.
КАЛА – СЕВДА е група составена од седум професионални музичари како: Лазе Стерјовски-хармоника, Пеце Петрески-хармоника, Марјан Бакревски-кларинет, Никола Трајановски-виолина, Драган Микаровски-гитара, Томе Печенпетеловски-бас гитара, Никола Петровски-ударки.
Концертот е во реализација на БИТ ФЕСТ 2015