ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „БУЛЕВАР 1 МАЈ“

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „БУЛЕВАР 1 МАЈ“

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на инфраструктурните активности кои се реализираат на улицата „Булевар 1 мај“, како дел од проектот за реконструкција на коловоз, канализација и водовод на оваа улица, на потегот од улицата „Добривое Радосављевиќ“ до улицата „4 ти Ноември“. Во моментот, се врши реконструкција на водоводната мрежа во должина од 592 метри, а ќе следува промена на канализационата мрежа и нов коловоз на улицата. Вкупната вредност на проектот изнесува 17.802.287 денари.

За време на градежните работи, воведен е и нов времен режим на сообраќај, на делницата каде што се одвиваат активностите.

Со цел комплетно завршување и уредување на овој дел, согласно склучениот договор во март годинава, предвидено е и ново улично осветлување со поставување на 25 нови канделабри на потегот од „Мал Безистен“ до улица „4 Ноември“.