ЗА 10 ДЕНА ЗАТВОРЕНИ 4 ГОЛЕМИ ПРОЕКТИ ВО БИТОЛА

ЗА 10 ДЕНА ЗАТВОРЕНИ 4 ГОЛЕМИ ПРОЕКТИ ВО БИТОЛА

Изминатите 10 дена, на територијата на Општина Битола се реализирани 4 големи инфраструктурни проекти, значајни за голем дел од жителите, во вредност од над 32.600.000 денари, средства од буџетот на општината.

             Завршија градежните активности за реконструкција на пешачката патека на Тумбе кафе во должина од 538 метри со средства од Општина Битола во вредност од 5.304.304 денари. Во натамошниот период ќе следуваат дополнителни зафати за доуредување на оваа локација.

             Проектот за реконструкција на улиците „Ѓорѓи Ѓорѓиев Џоџа“ и „Пробиштип“ опфати поставување на мешовита канализација, по што следуваше изведба на водоводната мрежа и поставување на нов асфалт. Целосната реконструкција на овие две улици е во вредност од над 7,1 милион денари.

             Со инвестиција над 13.000.000 денари средства од општинскиот буџет, реализиран е проектот за изградба на колекторски систем и нов коловоз во селото Буково.

             Реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Беќаров“ е во вредност од над 7.200.000 денари.

Наведените проекти се само дел од реализираните активности во рамките на Програмата на градоначалничката Наташа Петровска во делот на комунални дејности и уредување на градежно земјиште на Општина Битола. Во тек се градежни работи за реализација и на други инфраструктурни проекти на повеќе локации на територијата на Општина Битола.