И ВМРО-ДПМНЕ ЈА ПОДДРЖА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА

И ВМРО-ДПМНЕ ЈА ПОДДРЖА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА

Едногласно, во Советот на Општина Битола од страна на сите советници попладнево беше донесена Одлука за субвенционирање на бесплатен јавен градски превоз на патници во денови со високи нивоа на концентрации на суспендирани честички PM10 во амбиенталниот воздух над 100 микрограми на метар кубен.

Со оваа одлука се утврдува право на бесплатен превоз на сите патници кои што ќе користат јавен превоз со градските линии во општинскиот линиски превоз на патници во Општина Битола во работни денови во кои концентрацијата на суспендирани честички со големина од 10 микрометри во амбиентниот воздух измерена во 06:00 часот на државната мерна станица на квалитет на амбиентен воздух „Битола 2“, според податоците од веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе изнесува над 100 микрограми на метар кубен.