КРАК ОД ДЕБАРСКА – ПРОБЛЕМ ЗА ЖИТЕЛИТЕ

КРАК ОД ДЕБАРСКА – ПРОБЛЕМ ЗА ЖИТЕЛИТЕ

По барање на жителите чии куќи се наоѓаат на крак од ул. Дебарска во населбата Баир, градоначалничката Наташа Петровска и лице од комуналното одделение во Општина Битола, извршија увид на терен со цел да се изнајде решение за проблемот со кој населението се соочува секојдневно. Иако овој крак до определена должина е тампониран долги години, досега воопшто не е поплочен, ниту асфалтиран.

Според стручните екипи, во еден дел на соодветен начин ќе биде потребно да се изврши заштита од лизгавото земјиште кое претставува опасност за локалното население кое живее на овој крак, како и за куќите кои се наоѓаат едно ниво подолу.

Жителите истакнаа дека со години бараат решение за нивниот проблем. Градоначалничката Петровска, согласно годишната програма за работа на Одделението за комунални дејности, ги упати стручните екипи на преземање натамошни чекори за санирање на проблемот на жителите од крак на ул. Дебарска.