НОВА ИКТ ОПРЕМА И МЕБЕЛ ВО ЕКОНОМСКОТО УЧИЛИШТЕ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

НОВА ИКТ ОПРЕМА И МЕБЕЛ ВО ЕКОНОМСКОТО УЧИЛИШТЕ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети Средното општинско економско училиште „Јане Сандански“, каде со директорката Биљана Јанкуловска, разговараше за реализираните активности во изминатите два месеци, како и за подготвките на училиштето пред почетокот на второто полугодие од оваа учебна година.

Директорката Биљана Јанкуловска, информираше дека, во изминатите два месеци реализирани се повеќе активности со цел подобра, безбедна, стимулативна и продуктивна работна атмосфера во училиштето, со единствена цел подобрување на воспитно образовниот процес. Во овој контекст, во делот на подобрување на условите во училиштето, извршена е реконструкција на влезните скали, во вредност од 292 159 денари, а набавен е и нов мебел во вредност од 596 332 денари, кој вклучува 64 ученички столчиња, 32 клупи, 8 катедри, 40 шкафчиња за наставници и друг канцелариски мебел. Во насока на успешно и непречено работење, соглано потребите на наставниот кадар и учениците, набавена е и нова ИКТ опрема, во вредност од 214.204 денари.

Директорката Јанкуловска, истакна дека менаџерскиот тим на училиштето, продолжува со голема посветеност да работи на создавање подобри услови за успешно продолжување на воспитно образовниот процес.