НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА

НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА

„Почитувани сограѓани,

Ова е време во кое не можеме да наздравиме на иста маса со многумина со кои посакуваме, но е време кога повеќе од никогаш до сега сме свесни за значењето на тоа. Домот и семејството, нашите најблиски- се изворот на нашата истрајност во пандемијата со која се соочивме. Нека здравицата од нашите домови, се сплоти во едно заедничко наздравување со верба за поубава година. Година во која нема да се сеќаваме на претходни наши патувања туку година во која ќе правиме нови спомени до нови дестинации.

Ви посакувам пред се’ добро здравје, радост во срцата и мир во душата. Нека следи година во која насмевките ќе бидат дел од нашето постојано секојдневие.

СРЕЌНА НОВА! “