НОВ ЛИК НА УЛ. „ЉУБОЈНО“

НОВ ЛИК НА УЛ. „ЉУБОЈНО“

Наместо каллива долга улица, на која со децении чекореа жителите на ул. Љубојно и стравуваа за сигурноста на своите куќи, сосем нова слика доби овој дел од населбата Баир.

Градоначалничката на Општина Битола, заедно со тимот задолжен за реализација на проектот, изврши увид во завршните активности на реконструкцијата на ул. „Љубојно“. На овој потег беа поставени потпорни ѕидови за заштита од лизгање на земјиштето на објектите и минувачите, по што улицата е поплочена. За реализација на овој инфраструктурен проект се издвоени 3.206.030 денари.

Локалното население на средбата со градоначалничката Петровска изрази огромна благодарност, затоа што за нив и за нивните семејства е затворен децениски проблем.