ОДБЕЛЕЖАНА 121 ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

ОДБЕЛЕЖАНА 121 ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Денес, се навршува 121 година од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, деец на Македонската револуционерна организација, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење.

Во чест на македонскиот национален херој, идеолог, организатор и водич, пред Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола, свежо цвеќе положи делегација од Општина Битола предводена од заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, придружуван од претставници на Советот на општината. Во денешното оддавање должна почит кон великанот на македонската национална борба се приклучија и претставници на политичките партии и други граѓани.