ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ООУ „Д-Р ТРИФУН ПАНОВСКИ“

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ООУ „Д-Р ТРИФУН ПАНОВСКИ“

Со посебна програма, учениците и вработените во ООУ „Д-р Трифун Пановски“, денес го одбележаа патрониот празник на училиштето. Програмските активности започнаа со положување на цвеќе пред бистата на народниот херој, лекар и хуманист, а продолжија со отворени интерактивни часови и спортски активности. На свечената приредба по повод овој празничен ден, присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој честитајќи го патрониот празник, им посака многу понатамошни успеси на сите ученици и вработени во училиштето.