ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Пo повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денес пред споменикот на Даме Груев, свежо цвеќе положија, заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, претставници на Советот на општината, Сојузот на борци, претставници на политичките партии и млади од Извидничкиот одред Скаут Пелистер од Битола.

Пред 130 години, на денешен ден, беше основана Македонската револуционерна организација во Солун. Денешното оддавање почит, пред споменикот на еден од основоположниците на организацијата, значи потсетување на почетокот на македонското револуционерно движење и организираната борба на македонскиот народ за формирање на независна држава, но и должност во денешнината за континуиран напредок на Македонија.

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА!