ОТВОРЕНА ЛЕТНА СЦЕНА ВО ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА

ОТВОРЕНА ЛЕТНА СЦЕНА ВО ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА

Денес, градоначалникот на Општина Битола д-р. Владимир Талески заедно со директорот на Зоолошката градина Џоко Дамевски, претседателот на Здружението „Биосфера“ Нешат Аземовски и волонтерот од Мировниот корпус Хидемару Шибата,  свечено ја пуштија во употреба летната сцена во Зоолошката градина во Битола.
„Денес отворивме летна сцена која е по иницијатива и реализација на Мировниот корпус во   Р. Македонија, се разбира со подршка на „Биосфера“, раководството и вработените во Зоолошката градина и Општина Битола, која секогаш ги поддржува и помага. Ова е многу значајно затоа што покрај основната содржина – животните, се работи и на други содржини како што се едукативни активности, работилници, одбележување на значајни датуми и многу други “ изјави градоначалникот Талески.
Летната сцена или поточно летната едукативна училница е проектирана согласно Едукативната програма на ЗОО Битола, Програмата за едукација на посетителите и Програмата за унапредување на волонтерскиот систем во Зоолошката градина, која се реализира со финансиска помош на Програмата за мали грантови на волонтерите на Мировниот корпус.

LetnaScenaZooloska_1 LetnaScenaZooloska_2 LetnaScenaZooloska_3 LetnaScenaZooloska_4