Памперси на Широк Сокак

Памперси на Широк Сокак

Македонскиот бенд и белег на Битола  „Памперс” со концерт на Широк Сокак ги почестија битолчани и туристите за нивната долгогодишна изразена поддршка.
Нивните почетоци датираат од 2003 година. Познати се по својот прогресивен глам рок, но и по бројните експерименти со другите музички стилови како џез, рок и електронска музика.
Зад себе имаат бројни настапи по фестивали во Македонија, но и во регионот.
„Памперс” се: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски – Дани (соло гитара и придружен вокал),Марк Пурпос (клавијатури), Ален Туко (танапи) и Александар Буневски (бас гитара).
Концертот на „Памперс“ беше дел од програмата на БИТ ФЕСТ 2015.

BF2015Pampers_1 BF2015Pampers_2 BF2015Pampers_3 BF2015Pampers_4 BF2015Pampers_5 BF2015Pampers_6 BF2015Pampers_7 BF2015Pampers_8 BF2015Pampers_9