Пена парти на базенот Довлеџик

Пена парти на базенот Довлеџик

Вистински спектакуларен и несекојдневен забавен хип-хоп и прогресив перформнас се случи на подиумот во градот на конзулите на базенот Довлеџик.
Пена, забава, УВ ефекти, ласери, акробации и перформанси во живо беше спектаклот што се случи во Битола на базенот Довлеџик, каде младите битолчани заедно со туристите  доживееа  несекојдневна петочна вечер.  Главните виновници за музичкиот дел којшто максимално го возбудија и задржаа вниманието на посетителите беа диџеите Рикардо Фернандез и момчето од Охрид ди-џеј Фејс.
Настанот се случува по втор пат во Битола, во рамки на најбогатото и најсодржајното културно лето БИТ ФЕСТ 2015.

BF2015_PenaParti_1 BF2015_PenaParti_2 BF2015_PenaParti_3 BF2015_PenaParti_4 BF2015_PenaParti_5 BF2015_PenaParti_6