ПОБРЗО И ПОКВАЛИТЕТНО БЕЛЕЖЕЊЕ НА ПАРКИНГ МЕСТАТА ВО БИТОЛА

ПОБРЗО И ПОКВАЛИТЕТНО БЕЛЕЖЕЊЕ НА ПАРКИНГ МЕСТАТА ВО БИТОЛА

ЈП „Паркинзи“ од денес започна со обележување на паркинг местата во градот, користејќи ја новата машина за обележување.

Околу 1600 паркинг места, ќе бидат побрзо и поквалитетно обележани, а  во првата фаза се работи на отворените паркинг зони. Во втората фаза ќе бидат опфатени затворените паркинг зони.

Екипите на ЈП „Паркинзи“ го вршат обележувањето наутро од 5 до 9 часот и навечер од 19 до 22 часот.