ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЕТО „Т’ГА ЗА ЈУГ“

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЕТО „Т’ГА ЗА ЈУГ“

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и претседателката на Здружението на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за југ” Евгенија Николовска, денес потпишаа заеднички Меморандум за соработка.

Меморандумот има за цел да обезбеди меѓусебна соработка помеѓу Здружението и Општина Битола, со цел уште повеќе да се делува во насока на афирмација на областите од взаемен интерес, реализација на заеднички активности и други форми на соработка.

Во рамките на денешната средба, беа договорени натамошните чекори за реализација на проектот „Младите – Креатори на нашата иднина“, со кој ќе бидат опфатени ученици од Општина Битола и деца од ранливите категории. Проектот е наменет за развојот и напредокот на  културата и зголемување на креативноста и интересот кон музиката, глумата, сликањето и творењето кај децата уште од рана возраст.