Промоција на книгата „Во прво Лице“ Магаза

Промоција на книгата „Во прво Лице“ Магаза

Во битолската магаза во издание на Битолски весник беше промовирана најновата книга  „Во прво лице„  на новинарот и дописник на дневниот весник Нова Македонија, Менде Младеновски.
Книгата  „Во прво лице“ е четврта по ред книга на Менде Младеновски од едицијата Поводи и Погледи.

Во книгата се наоѓаат најдобрите колумни на авторот што ги имаше објавено минатата година на страниците на Битолски весник во редовната рубрика Поводи, што излегува секоја среда.

Во својата 35 годишна  новинарска функција зад себе има оставено богата професионална кариера, а над 20 години успешно ја извршува функцијата директор на Битолски весник.

Промоцијата на книгата „Во прво лице“, се реализира во рамки на БИТ ФЕСТ 2015

BF2015MedneKniga_1 BF2015MedneKniga_2 BF2015MedneKniga_3 BF2015MedneKniga_4 BF2015MedneKniga_5 BF2015MedneKniga_6