Промоција на поетска збирка „Се што дише нека го слави Господа“

Промоција на поетска збирка „Се што дише нека го слави Господа“

Во пациото на Завод и Музеј – Битола во рамки на битолското културно лето се одржа промоцијата на поетската збирка „Се што дише нека го слави господа“ од поетесата Жаклина Веловска.
Поетесата Жаклина Веловска во стихозбирката составена од 73 песни, за читателите шитум ги отвора прозорците кон духовниот свет.  Во песните ставен е силен акцент на идентификацијата на православните карактеристики на македонското опшество, а неговата духовна традиција ја преточува во поетски ритми и јазични мозаици.
Тагата, радоста,очајот и борбата за човечкиот живот се  темите и мотивот во нејзиниот творечки опус преку кои ја изразува богатата хармонија и емотивност.
Циклус-Сретение, Болка, Подзастанување, Јуда, Пустината светска, Пред натчовек, Таворска средба се песните што ја отсликуваат поетската збирка „Се што дише нека го слави господа“.
Промоцијата е во програма и рамки на БИт ФЕСТ 2015.

BF2015KnigaSeSToDise_1 BF2015KnigaSeSToDise_2 BF2015KnigaSeSToDise_3 BF2015KnigaSeSToDise_4 BF2015KnigaSeSToDise_5