ПУШТЕН ВО СООБРАЌАЈ ВЛЕЗОТ ВО БИТОЛА ОД СТРАНАТА НА ОХРИД

ПУШТЕН ВО СООБРАЌАЈ ВЛЕЗОТ ВО БИТОЛА ОД СТРАНАТА НА ОХРИД

Согласно склучениот договор „Реконструкција со доградба на пропуст над река Курделес на улица Довлеџик“, денес извршено е пробно товарење со цел пуштање во сообраќај на овој доста фреквентен патен правец. Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, за време на работните активности, изврши увид на состојбата на теренот.

Од добиените наоди, констатирано е дека, објектот е изведен согласно основниот проект и постоечките технички прописи и нормативи. За сите вградени материјали, доставени се сертификати и извршени се испитувања на арматурата и бетоните. Согласно денешното пробно товарање и добиените резултати од терен, пропустот од попладнево е пуштен во сообраќај.

 

dav