Ракометно игралиште „Вечер на традиционална музика и игра“

Ракометно игралиште „Вечер на традиционална музика и игра“

Со народни игри и песни почна фестивалот Илинденски денови
Со познатото „Комитско“ оро во изведба на КУД „Илинден“од Битола и Дефиле по Широк Сокак , свечено се отвори 45-от Републички фестивал на народни песни и игри ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ.
Фестивалот „Илинденски денови“ е синоним за доследно чување на автентичната фолклорна традиција. Тоа се важни денови во агендата на секое културно уметничко друштво во Македонија и дијаспората, истакна пратеникот Зоран Илиоски кој во име на покровителот – Собранието на Република Македонија, го отвори фестивалот на фолкорот во Битола.
– Не случајно овој фолклорен фестивал се одржува во очи на големиот и најсвет македонски празник Илинден. Фестивалот „Илинденски денови“ во Битола е главниот столб кој го крепи сводот на македонската традиција. Тоа е важен меѓународен фестивал со богати програмски содржини, фестивал кој најдоследно и највистински ја претставува Македонија и големата Гоцева идеја за светот како поле за културен натпревар меѓу народите, истакна Илиоски.
Во името на градот домаќин, учесниците на фестивалот ги поздрави градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески, а во името на организаторот НУ Центар за култура-Битола, пригодно обраќање имаше директорот  Борче Димитровски, и притоа и двајцата ја потврдија поддршката на идејата на основоположниците на фестивалот која датира од1971 година.
Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“се отвори со орото „Комитско“ во изведба на КУД Илинден – Битола, „Русалии“ с. Секирник,КУД „Мирка Гинова“ Демир Капија, Група „Џомалари“ с. Ресава, ФА „Јанко Глигоров“ Свети Николе, ФА „ Туропоље“ В. Горица, Хрватска, КУД „Шкипоња“ Сарај, Скопје, ДФА „Китка“Истибања, и „Куартиере Вилланова ди Каљари“ Сардинија, Италија и Ансамбл „Македонка“ Св.Климент Охридски, Торонто Канада.

BF2015_IlindenskiOtvoranje_1 BF2015_IlindenskiOtvoranje_2 BF2015_IlindenskiOtvoranje_3 BF2015_IlindenskiOtvoranje_4 BF2015_IlindenskiOtvoranje_5 BF2015_IlindenskiOtvoranje_6 BF2015_IlindenskiOtvoranje_7 BF2015_IlindenskiOtvoranje_8 BF2015_IlindenskiOtvoranje_9 BF2015_IlindenskiOtvoranje_10 BF2015_IlindenskiOtvoranje_11 BF2015_IlindenskiOtvoranje_12 BF2015_IlindenskiOtvoranje_13