РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВТОРАТА ДЕЛНИЦА ОД „БУЛЕВАР 1 МАЈ“ ВО ЗАВРШНА ФАЗА

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВТОРАТА ДЕЛНИЦА ОД „БУЛЕВАР 1 МАЈ“ ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Во тек се завршните инфраструктурни активности на Бул. 1 Мај, на втората делница, од Ленски Мост до ул. „Добривоје Радосављевиќ“.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на динамиката на инфраструктурните активности, како дел од проектот за реконструкција на коловоз, канализација и водовод на Бул. 1 Мај, од улицата „Добривое Радосављевиќ“ до улицата „4 ти Ноември“. Првата делница, од ул. „4 ти Ноември“ до Ленски Мост, веќе е асфалтирана.

Во моментов, на втората делница, се финализираат активностите со водоводната и канализационата мрежа, а се врши и поставување на воздушните кабли во делот од коловозот. Паралелно, се работи на подготовка на коловозот за финалната фаза, асфалтирање на втората делница.

Вкупната вредност на проектот изнесува 17.802.287 денари. Со цел комплетно завршување и уредување на овој дел, предвидено е и ново улично осветлување со поставување на 25 нови канделабри на потегот од „Мал Безистен“ до улица „4 Ноември“.