Ретроспективна изложба на Вељо Ташовски

Ретроспективна изложба на Вељо Ташовски

Во НУ Завод и Музеј Битола, во рамки на БИТ ФЕТ 2015 беше поставена изложба во чест на големиот академски сликар Вељо Ташковски (1949 – 2009).
Изложбата, која во Битола се реализира во рамки на проектот „Кич, да?!/Сте или не?“, претставува пресек на целокупното творештво на авторот, опфаќајќи ги сите периоди во неговото творештво. На изложбата  беа  изложени слики во комбинирана техника.
Ташовски имал повеќе самостојни изложби во Македонија и во Словенија, а учествувал и на голем број групни изложби во Словенија, Македонија, Италија, Полска, Хрватска, Грција, Романија, Србија, Чешка, Словачка, САД итн.
Во својот богат творечки опус  добитник е и на многубројни награди во Македонија, Словенија, Хрватска и во Србија.

BF2015IzlozbaVeljo_1 BF2015IzlozbaVeljo_2 BF2015IzlozbaVeljo_3 BF2015IzlozbaVeljo_4 BF2015IzlozbaVeljo_5 BF2015IzlozbaVeljo_6 BF2015IzlozbaVeljo_7