Со читање книга до најдобра порака и личност

Со читање книга до најдобра порака и личност

Во рамките на БИТФЕСТ 2015 година НУУБ „Св. Климент Охридски“ со голем успех и интерес од страна на најмалите го спроведува проектот „Со читање книга до најдобра порака и личност“. Пред почетокот на работилницата децата имаа средба со еминентниот
новинар Емилија Сарафска која на децата им ја објасни професијата новинар и како книгите и помогнаа да го достигне нивото на професионализам и колку многу е важно читањето книги за новинарството. Денешната работилница „Џуџињата и чевларот” ја реализира Весела Богдановиќ која на интересен интерактивен начин им ја пренесе содржината на оваа поучна приказна. Децата активно учествуваа во активности кои вклучуваа читање и анализа на приказна со примена на забавни игри, едукативни техники и
инспиративни и привлечни дидактички средства во вода. Покрај доживување на читањето како забавен процес и унапредување на желабите за понатамошна активна дружба со книгите, преку содржината на оваа приказна дечињата имаа
прилика:
– Да се запознаат со професијата чевлар и чевларскиот занает во споредба со современото фабричко производство на обувки.
-Преку едукативната игра “Водена приказна- Воден предизвик” опишуваа и анализираа ликови и нивните постапки.
– Со примена на драмската техника “Клучни зборови, дечињата, иако слушатели, стануваа директни партнери во читачкиот процес, помагајќи со “оживување” на клучни зборовите во приказната.
– Анализа на порака-поука и ја поврзавме со реални животни ситуации.
-Преку работни работни со задачи за унапредување на логичкото мислење, дечињата им помагаа на ликовите да завршат неколку предизвици.
-Ја прифатија фантазијата како интересен елемент за богато литературно творештво –умеат да проценат и разграничат фантастични од реалистини застапени елементи, ликови и настани. Активностите се креирани во насока да го унапредат развојот на дел од клучните вештини на 21 век кај децата на возраст од 3 до 8 години

BF15_biblioteka_1 BF15_biblioteka_2