ТОПЛО ДОБРЕДОЈДЕ ЗА ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА ОД ОПШТИНА БИТОЛА

ТОПЛО ДОБРЕДОЈДЕ ЗА ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА ОД ОПШТИНА БИТОЛА

Европската шампионка, битолчанката Оливера Наковска Бикова, утрово пристигна од Норвешка, каде на Европското првенство во стрелање со воздушен пиштол, освои златен медал.

На Меѓународниот аеродором во Скопје ја пречекаа, претставниците од Општина Битола,  Гордана Цветковска Бошевска и советникот Зоран Петковски, претседател на Комисијата за спорт, кои и посакаа топло добредојде, честитајќи и за постигнатиот успех и заблагодарувајќи и се за нејзината несебична посветеност, со која преку бројни спортски успеси ги промовира Битола и Македонија, во европски и светски рамки.

Општинските претставници и пренесоа на Наковска – Бикова, отворена покана за средба со Градоначалникот Тони Коњановски, кој го иницираше денешниот пречек.

Општина Битола, продолжува да биде поддржувач на талентираните и докажани спортисти, кои претставуваат и голем поттик за младите луѓе од општината.