ТРАДИЦИОНАЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО

ТРАДИЦИОНАЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО

По повод “Денот на крводарителството“ и Денот на формирањето на Црвен крст, во организација на општинската организација на Црвен крст Битола, во Фоајето на НУ ,,Народен Театар” се одржа традицоналната крводарителска акција. На акцијата присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој им се заблагодари на сите сограѓани кои со покажаната хуманост, даваат свој голем придонес во спасувањето на човечки животи и посака ваквиот пример во иднина да го следат се повеќе млади луѓе. Благодарност до битолчани кои беа дел од акцијата изрази и Регионалниот центар за трансфузиона медицина од Битола.