Филмска вечер во чест на Илинден – Тумбе кафе

Филмска вечер во чест на Илинден – Тумбе кафе

Здружението за истражување и развој ИТ Креатив во чест на најголемиот празник Илинден, во знак на револуцијата и слободата, пред младите битолчани на летната сцена Тумбе Кафе го прикажаа играниот  филм  „Републиката во пламен“.
Целта на филмот беше младите луѓе да се запознаат со маките, теророт, борбата, итроштината и силата на македонските револуционери за време на Илинденското востание, момент кога Македонија била прогласена десет дена Крушевска Република.

BF2015_FilmTumbeKafe_1 BF2015_FilmTumbeKafe_2 BF2015_FilmTumbeKafe_3 BF2015_FilmTumbeKafe_4 BF2015_FilmTumbeKafe_5 BF2015_FilmTumbeKafe_6