ФИНАЛНИ ПОДГОТОВКИ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРИ ЗНАЧАЈНИ УЛИЦИ ВО БИТОЛА

ФИНАЛНИ ПОДГОТОВКИ ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРИ ЗНАЧАЈНИ УЛИЦИ ВО БИТОЛА

Во Општина Битола се одржа подготвителен состанок на сите учесници кои ќе работат на изградба и реконструкција на линиската инфраструктура на улиците „Илинденска“, „Партизанска“ и „АСНОМ“.  Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска ги поздрави сите учесници во овој голем и опфатен проект за градот и граѓаните на Општина Битола и посака заедничката соработка да продолжи со реализација на уште многу нови проекти.

Договорот, кој е склучен со фирмата „Жикол“, во вредност од 43.489.829 денари, опфаќа изведба на нова водоводна, фекална и атмосферска канализациона мрежа на улицата „АСНОМ“, реконструкција на водоводната и мешовитата канализациона мрежа на ул. „Илинденска“ и реконструкција на водоводната мрежа и атмосферска и фекална канализација на ул. „Партизанска“.

Дополнително, Општина Битола и фирмата Јоска транс склучија договор за реконструкција на коловозот на ул. „Партизанска“ во потегот од кружниот тек кај Веро до раскрсницата кај Техничкиот преглед во Нова Битола во должина од 724 метри, во вредност од 19.071.981 денар.

Реконструкцијата на коловозот на улицата „Илинденска“ ќе биде во должина од 2131 метар, во вредност од 22.159.081 денар, а изведувач ќе биде фирмата БВ Инженеринг.

Општина Битола, заедно со јавните претпријатија со сопствени средства ќе ги изведува приклучоците кон водоводната мрежа и атмосферската канализациона мрежа. На улицата „АСНОМ“ во вредност од 569.326 денари ќе се изведуваат приклучоци кон атмосферската канализација, кон фекалната во вредност од 435.089 денари и кон водоводната во вредност од 236.791 денар.

Кон улицата „Партизанска“ ќе се работи на приклучоци кон атмосферската канализациона мрежа во вредност од 1.258.824 денари и кон фекалната во вредност од 3.609.443 денари. На ул. „Илинденска“ ќе се изведуваат приклучоци кон мешовитата канализациона мрежа во вредност од 6.909.136 денари, а кон водоводната мрежа во вредност oд 3.647.101 денар.

Реализацијата на овој голем проект, кој опфаќа реконструкции и изведби на канализациона и водоводна мрежа на улиците „Партизанска“, „Илинденска“ и „АСНОМ“, како и уредување на коловозите, ќе чини 101.386.601 денар, односно над 1,6 милиони евра.