30 ДЕНА БИТ ФЕСТ 2015 – НАД 150 НАСТАНИ, НАД 500 УЧЕСНИЦИ

30 ДЕНА БИТ ФЕСТ 2015 – НАД 150 НАСТАНИ, НАД 500 УЧЕСНИЦИ

Зад нас е половината од шееседневното траење на БИТ ФЕСТ 2015 со над 150 настани и над 500 учесници. Десеттото јубилејно издание нудејќи содржини за сите возрасти и вкусови и овој пат за свој насјилен партнер ја имаше публиката. Битола, целиот овој период живее со БИТ ФЕСТ, а сите нејзини сцени (Широк Сокак, летна сцена Тумбе кафе, Хераклеа, Магнолија), на кои се реализираат настаните се на моменти и претесни да ги прифатат битолчани – оние од градот и околината и оние кои од Европа и прекуокеанските земји го минуваат дел од својот летен одмор во родната Битола.
Култура, во сите форми и видови, литература (промоција на одлични наслови), традиција конзулска и староградска (Локум фест), интернационални презентации на европските национални култури, одличен театар (Шекспир фестивал Битола), презентација на музичката оставштина и повеќедецениска традиција на Битола (Битолски камерен оркестар, Битолски дувачки оркестар, опера Марија од Буенос Аирес), БИТ ФЕСТ 2015 форма и за изнаоѓање и воспоставување и економска соработка (Израелски амбасадор, светски новинари, промоција на Битола како простор за воспоставување стопански и инвестициски релации).
Вечерва, започнува еден од најстарите битолски фестивали, четирисесет и петтото јубилејно издание на Илинденски денови со традиционалното дефиле, кое буквално го анимира вниманието на битолчани. Синоќа крајот на третиот интернационален „Битола Шексир фестивал“ го означи претставата на бугарскиот театар од Габрово „Ромео и Јулија“, најдобрата за 2014 година.

BF2015_30DenaBitfest_1 BF2015_30DenaBitfest_2