Субвенционирање на инвертери 2020

Субвенционирање на инвертери 2020

ПРЕЛИМИНАРНА ЛИСТА НА АПЛИКАНТИ КОИ ГИ ИСПОЛНУВААТ КРИТЕРИУМИТЕ СОГЛАСНО ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ДОМАЌИНСТВАТА ВО ОПШТИНА БИТОЛА ЗА НАБАВКА И МОНТАЖА НА ВИСОКОЕФИКАСНИ ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

ВАЖНО: Обврска на апликантите од оваа листа е да ја обезбедат и физички да ја достават документацијата согласно јавниот повик и правилникот, односно да достават:

– Барањето за субвенционирање на домаќинства (се симнува од овој линк)
– Копија од лична карта
– Комплетен имотен лист
– Решение за данок на имот (доколку е потребно, односно доставено при електронското аплицирање)
– Изјава за промена на адреса (доколку е потребно, односно доставена при електронското аплицирање)
– Изјава за носител на домаќинство (доколку е потребно, односно доставена при електронското аплицирање)
– Сметка за _____________ (доколку е потребно, односно доставена при електронското аплицирање)
– Фактура (оригинал) – доколку апликантот аплицирал со профактура
– Фискална сметка (оригинал)
– Копија од трансакциска сметка
– Испечатена фотографија од печката
– Изјава за користење на инвертер заверена на нотар (се симнува од овој линк)
– Друго (доколку е потребно, односно доставено при електронското аплицирање)

Согласно протоколите за заштита од КОВИД 19, документацијата ќе се доставува според претходно утврден распоред, објавен на веб страната на Општина Битола, со точно прецизирано време и локација за достава на документацијата.

Првиот распоред ќе биде објавен утре 27.10.2020 година