81 ГОДИНА ОД СМРТТА НА СТИВ НАУМОВ

81 ГОДИНА ОД СМРТТА НА СТИВ НАУМОВ

Денес, се одбележува 81 годишнината од смртта на народниот херој Стеван Наумов Стив, кој заедно со Мите Богоевски, загина на 12 септември 1942 година, кај местото Болно, Ресенско.

Во нивна чест, пред споменикот на Стив Наумов, свежо цвеќе положија заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, претставници на Советот на општината, претставници на општинската организација на Сојузот на борци, како и ученици од основното училиште „Стив Наумов“ од Битола.