РЕКОРДЕН БРОЈ НА КУЛТУРНИ СОДРЖИНИ НА 8 ИЗДАНИЕ НА БИТ ФЕСТ

РЕКОРДЕН БРОЈ НА КУЛТУРНИ СОДРЖИНИ НА 8 ИЗДАНИЕ НА БИТ ФЕСТ

На 25 ти јуни започнува најдолгото и најсодржајно културно лето БИТ ФЕСТ. Оваа година со рекорден број на културни содржини. Од пристигнатите 271 апликација дел од програмата на БИТ ФЕСТ се 202 наслови, односно 242 настани.
Бит фест обединува и поддржува десетици помали летни фестивали како дел од соработката како со националните културни институции од Битола, така и со  независната културна сцена , соработка која е единствена во земјата.
Како увертира во БИТ ФЕСТ на 21 јуни започнува фестивалот на музиката Солстис, а на 25 БИТ ФЕСТ свечено ќе биде отворен со Концерт на Раде Шербеџија и Западни Колодвор бенд во Хераклеја од 21.00 часот
„Ќе започниме со познатиот актер од екс ју, за нас постарите генерации познат, но човек со име и презиме од светски размери – Раде Шербеџија кој што ни доаѓа на 25 ти и во Хераклеја ќе настапи со познатите содржини со кои настапува насекаде по светот. Раде Шербеџија – светскиот актер кој што потекнува од овие балкански простори, интернационална филмска актерска ѕвезда која што ќе не почести да го отвориме БИТ ФЕСТ заедно. На 24 ти август ќе завршиме со една многу интересна содржина: Мадригали се потсетува на своите добри славни времиња, но во својата програма го носи Дадо Топиќ-едно исклучително име од музиката. Меѓу останатите ни доаѓа Влатко Стефановски со Мирослав Тадиќ кои што ќе направат прекрасен концерт и новина ќе биде она што го правиме со народниот театар од Битола – Шекспир фестивалот“, изјави Градоначалникот на општина Битола, М-р Владимир Талески.
Како резултат на соработката со фестивалот Актерот на Европа во Битола ќе гостува големото актерско име од Шведска Ана Петерсон со театарската претстава Госпоѓица Јулија., познатиот ди – џеј Мајкл Греј од Лондон, уметници од Р.Грција, Р.Хрватска, Р.Бугарија, Р.Србија, Р.Франција, Р.Словенија, Унгарија, Финска, Данска, Нов Зеланд,  Канада, САД , Шведска , Норвешка…
Бит фест овозможува простор за настап како на реноморани уметнички имиња, независни артисти и здруженија, како и познати и популарни домашни и  светски изведувачи.Оваа година во рамките на Бит фест Ве очекуваат 21 содржина од  класична музика , 10 етно,  џез, амбиенатлна музика, 31 рок, поп, хип – хоп, електорнска музика, 25 театарски претстави, 21 промоции и поетско книжевни настани,12 филм и мултидемија, 20 изложби, 14 фолклорни манифетации, 13 социо – културни настани, 4 мода и култура на живеење, 9 детски програми, 12 фестивалски манифестации, 10 продукцииски проекти, или околу 202 програми, а далеку поголем број изведби.