Горан Садикаријо, главен извршен директор на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Благоја Младеновски, претседател на Управниот одбор на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија и Пепо Леви, заменик претседател на Управниот одбор на Еврејската заедница во Република Македонија, денес во Општина Битола, одржаа работен состанок со директорот на ЈКП Комуналец и градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески.
На средбата се разговараше за повеќе активности, како и за конкретни чекори во продолжувањето на понатамошната соработка. Меѓудругото, на денешниот состанок беше договорено и заедничка вклученост на сите договорни страни во одржувањето на хигиената на Еврејските гробишта во Битола.