Во рамките на БИТ ФЕСТ 2015, Широк Сокак повторно беше место за културно и музичко доживување во Битола.
Бендот COVERLAND на битолската публика и многубројните туристи им приреди вистинска музичка атракција со изведба во живо од прерабоките на најпопуларните хитови од светскитетоп листи со drum and bass и house ритамот.
Идејата и целта на членовите на COVERLAND е, секоја преработка да ја доближи оригиналната верзија на песната и музичката композиција без да користи дополнителни компјутерски матрици и други технички преработки.
Изведбата помина во динамична и забавна атмосфера.