Kнигата мост на пријателството НУУБ Св. „Климент Охридски“

Kнигата мост на пријателството НУУБ Св. „Климент Охридски“

БИТ ФЕСТ и оваа година најдобар пријател на најмилите
Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ во рамките на БИТ ФЕСТ беше организирана средба со детските писатели Горјан Петрески и Ванчо Полазарески.
Настанот се одржа во просториите на детската читална на библиотеката, кадешто учениците имаа прилика да развијат дискусија со авторите за нивната определба и инспирација да создаваат дела за најмладата и најискрена публика- децата.
Настанот беше посетен во огромен број, а заврши со заедничка порака до младата читателска публика за важноста на читањето и книгата во развојот на децата и младите.
Проектот беше насловен „ Книгата мост на пријателството“

BF2015KnigataPrijatelstvo_1 BF2015KnigataPrijatelstvo_2 BF2015KnigataPrijatelstvo_3 BF2015KnigataPrijatelstvo_4 BF2015KnigataPrijatelstvo_5 BF2015KnigataPrijatelstvo_6