KООРДИНАТИВEН СОСТАНОК НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ И КООРДИНАТОРИТЕ НА СОВЕТНИЧКИТЕ ГРУПИ

KООРДИНАТИВEН СОСТАНОК НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ И КООРДИНАТОРИТЕ НА СОВЕТНИЧКИТЕ ГРУПИ

Во кабинетот на градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, попладнево се одржа состанок со координаторите на советничките групи во Советот на општина Битола, на иницијатива на градоначалникот Коњановски, со цел да се надмине актуелната криза и да се изнајдат заеднички решенија за натамошно нормално функционирање на општина Битола.

Градоначалникот уште еднаш истакна дека разумот мора да надвладее во интерес на градот и нашите сограѓани, така што заеднички, сите да покажат доблест и да разговараат за предлог ребалансот на буџетот. Доколку има и други предлози од страна на советниците, кои се во интерес на градот, ќе се разгледа можноста истите да бидат вклопени во новиот предлог ребаланс на буџетот.

Законската процедура во ваков случај налага нова седница, на која треба да се донесе буџет во рамките на предвидениот, кој ќе биде вчитан од страна на Министерството за финансии.

Само разумноста и конструктивноста на сите учесници во овој процес се решение за надминување на актуелната политичка состојба, бидејќи се останато е на штета на жителите на општина Битола, посочи Коњановски на средбата.