ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА СРПСКОТО ЕДИНСТВО, СЛОБОДАТА И НАЦИОНАЛНОТО ЗНАМЕ

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА СРПСКОТО ЕДИНСТВО, СЛОБОДАТА И НАЦИОНАЛНОТО ЗНАМЕ

Во организација на Заедницата на Срби во Македонија, во Битола, со повеќе активности се одбележува Денот на српското единство, слобода и национално знаме. По повод 104 години од пробивањето на Солунскиот фронт, на српските воени гробишта, свежо цвеќе положија Н.Е. амбасадорката на Србија во Македонија, Невена Јовановиќ, пратеникот во македонското собрание Иван Стоилковиќ, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, почесниот конзул на Р. Србија во Битола Сиљан Мицевски, како и претставници на Заедницата на Срби од Македонија во Битола.

За време на посетата на Битола, амбасадорката Невена Јовановиќ оствари средба со градоначалникот Тони Коњановски. На средбата разговараа за успешната билатерална соработка на многу полиња, особено на полето на економијата и културната размена.

Во рамките на одбележувањето на Денот на српското единство, слободата и националното знаме, утре, петок,  ќе се одржи конференцијата „Србите во Македонија и Србија“, а во сабота традиционалното полагање цвеќе на Кајмакчалан.