ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА РУСКАТА ДИПЛОМАТИЈА

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА РУСКАТА ДИПЛОМАТИЈА

Со положување цвеќе кај Рускиот крст во Битола, традиционално и оваа година беше одбележан денот на руската дипломатија. Ваквото одбележување е симбол на долгата традиција кои што постои помеѓу Македонија и Русија.

„Сакам да го честитам денот на руската дипломатија и да се заблагодарам на Амбасадата на Руската федерација и посебно на амбасадорот. И тој и неговите претходници навистина имаа една прекрасна идеја која што значи голема чест за нас како Битола, затоа што овој ден на посебен начин се празнува во нашиот град, заради еден значаен историски настан. Тоа е влијанието, заложбата и положениот живот на конзулот Ростковски кој што одиграл една клучна улога во овој регион во еден историски значаен период за Битола и за нашите македонци кои што тогаш живееле во овој дел. Со амбасадорот секогаш ги користиме овие моменти да размениме мислење и да укажеме на сериозноста на политичкото време, затоа што само конструктивните разговори кои што обединуваат и кои што создаваат можности за планирање на соработка можат да донесат просперитет“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.

RuskaDiplomatija2016-5 RuskaDiplomatija2016-4 RuskaDiplomatija2016-3 RuskaDiplomatija2016-2 RuskaDiplomatija2016-1