Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија Н.Е д-р Ласло Иштван Дукс, заедно со почесниот унгарски конзул во Битола Сашо Јанакиевски и делегација од други соработници, денес ја посетија Општина Битола, при што имаа работна средба со градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска. На средбата, се разговараше за можностите за понатамошно зајакнување на соработката помеѓу Битола и градовите од Унгарија, со посебен акцент на унапредување на соработката во стопанството, културата и спортот, како и реализација на конкретни проекти кои ќе дадат голем бенефит во целокупниот напредок на општините. Исто така, на денешната средба беше иницирано и преземање конкретни чекори за збратимување на Битола со град од Унгарија, што исто така е во функција на зголемување на перспективите за развој.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2017/12/poseta-na-ambasadorot-na-Ungarija1_5-783x461.jpg)