Арс Барока повторно на БИТ ФЕСТ

Арс Барока повторно на БИТ ФЕСТ

И ова лето од дворот на битолската мазага повторно се слушнаа барокните мелодии отсвирени од најдобрите инстументалисти на бугарскиот камерен оркестар „Арс Барока“.

За време на концертот беа изведени композии од доцниот барокен стил со негови специфики како автентичното звучење, динамики и штрихи, кои се типични за епохата, а исто така во нивниот репертоар се вклучени и инструментални концерти, сонати и кантати од Ј.С.Бах, Вивалди, Салиери, Телеман, Корели, Хендел, Зеленка и др.

Пред битолската публика се претставија единаесетмина врвни мајстори како: Владимир Крстев-виолина, Паскал Краповски-виолончело, Калин Панајотов-обоа, љубовна обоа, Владимир Лазаревски-обоа и останатите членови на оркестарот.

BF2015ArsBaroka_1 BF2015ArsBaroka_2 BF2015ArsBaroka_3 BF2015ArsBaroka_4 BF2015ArsBaroka_5 BF2015ArsBaroka_6