Во населбата Буковски ливади, во тек се инфраструктурни активности на улицата Апостол Здравевски. Градоначалникот на Општина Битола, на денешната прес конференција ја информираше јавноста за текот на активностите: „Атмосферската канализацијата се поставува во должина од 850 метри и за неколку дена ќе биде асфалтирана целата улица. Во оваа населба интервенирано е повеќепати со пробивање и асфалтирање на улици и други инфраструктурни активности, како и градежни интервенции на училиштето и други инфраструктурни проекти од значење за мештаните, изјави градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески. Вкупната вредност за реализацијата на проектот за изградба на атмосферска канализација и асфалтирање на улицата Апостол Здравевски, изнесува 21 милион денари. Општина Битола, во моментот реализира повеќе градежни активности, меѓу кои: изградба на игралиштето во с.Крклино, инфраструктурни активности на ул. Димитар Робев, во тек се интензивни градежни активности со промена на канализациона и водоводна мрежа и асфалтирање на улица Кузман Јосифовски, активности на ул.Големо Езеро и други проекти за подобрување на инфраструктурните услови во општината.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2017/07/DSC08034-783x521.jpg)