БЕХАТОН ПЛОЧКИ ВО ДЕЛ ОД УЛ. СТИВ НАУМОВ

БЕХАТОН ПЛОЧКИ ВО ДЕЛ ОД УЛ. СТИВ НАУМОВ

Наместо како досега по земјен пат, жителите на дел од улицата Стив Наумов, од броевите 84 до 90, ќе имаат патека со бехатон плочки. На терен работи екипа од фирмата „Коп Инженеринг“ од Скопје, која ги поставува плочките на површина од околу 100 кквадратни метри, во вредност од 100.000 денари, средства од буџетот на Општина Битола.