БЕХАТОН ПЛОЧКИ НА КРАЦИ ОД УЛИЦИТЕ „ЛАВЧАНСКА КОРИЈА“ И „ЦАР САМОИЛ“

БЕХАТОН ПЛОЧКИ НА КРАЦИ ОД УЛИЦИТЕ „ЛАВЧАНСКА КОРИЈА“ И „ЦАР САМОИЛ“

Несоодветниот пристап до домовите на жителите во одделни краци од улиците „Лавчанска Корија“ и „Цар Самоил“, станува минато. На барање на локалното население, Општина Битола деновиве постави бехатон плочки на краци од улицата „Лавчанска корија“ на површина од околу 200 метри квадратни,  а денес и на поголем крак од улицата „Цар Самоил“ на површина од 340 метри квадратни. Градежните работи на терен ги извршува фирмата „Коп Инженеринг“ од Скопје.

Поставувањето на бехатон плочките на површина од над 500 метри квадратни,ќе значи олеснет пристап до домовите на жителите на овие улици, за кои претходно, со години наназад, не се нашло соодветно решение.