Во Народниот театар во Битола денес традиционално се одржа Свечена академија по повод чествувањето на Патронот на градот Битола Св. Нектариј Битолски. Градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески и Митрополитот Преспанско – Пелагониски, г.Петар на присутните на академијата и на сите граѓани на Општина Битола, им го честитаа денот на заштитникот на градот Св. Нектариј Битолски и ги поканија на Свечената Божествена Литургија во храмот Св.вмч Димитриј во 08 часот, како и на Свечената литија со моштите на Св. Агатангел Битолски во 10 часот.
